Во Бенфика се бесни: Tие се казнети без докази, а Реал не е казнет иако има докази против нив!

Бенфика поднесе жалба на одлуката Престијани да биде суспендиран, а воедно се чудат и како Мбапе и Валверде не се казнети иако има јасни докази против нив.

УЕФА му изрече суспензија на Престијани за наводен расистички напад кон Винисиус. 

Во соопштението на УЕФА велат дека истрагата за случајот со Престијани се уште трае, а суспензијата не значи дека тој е виновен. 

Од Бенфика се чудат на ваквата одлука, јасно е дека за Престијани нема докази и одлуката на УЕФА се базира само на изјава од Винисиус и Реал Мадрид.

Португалците обвинуваат за двојни аришни бидејќи тие поднесоа жалба за стартот на Валверде кој сметаат дека е насилен акт. УЕФА им ја одби жалбата.

УЕФА не ги санкционираше и Мбапе и Винисиус иако и двајцата го навредуваа Престијани, а нивните навреди јасно можеа да се видат на камерите.

Жозе Мурињо бидејќи е суспендиран нема да држи прес-конференции пред и по реванш натпревар. Во Бенфика одлучиле да го водат Престијани со нив иако нема право да игра.