Вардар доби забрана за навивачи и парична казна поради навредливо скандирање!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вонредната седница по натпреварите во македонските шампионати донесе неколку одлуки, а една од нив се однесува на мечот меѓу Вардар и Башкими (1-0).

ФФМ соопшти дека и изречена парична казна и забрана за присуство на навивачи на еден натпревар на „црвено-црните“ поради навредливо скандирање.

„Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра“, соопштија од ФФМ.