Македонија и официјално ќе го отвори реновираниот кошаркарски храм во Градски парк!

Македонската кошаркарска репрезентација по точно 20 години повторно ќе игра во т.н. кошаркарски храм „Градски парк“, откако денеска официјално беше потврдено дека во реновираната сала ќе се одигра претквалификацискиот меч против Луксембург (27 февруари).

Објектот се реновираше речиси две години, желбата беше да се отвори на почетокот од оваа сезона, потоа процесот се пролонгира до декември, но дефинитивно ќе биде отворен в петок. Кошаркарите последен пат во Парк играа во 2006 година против Португалија во склоп на квалификациите за ЕП 2007.
 
Ова значи и дека Работнички во иднина своите натпревари како домаќин ќе ги игра во Градски парк.