Хаос во Барселона: Лапорта обвинет за перење пари!

Кандидатот за нов претседателски мандат во Барселона, Жоан Лапорта доби кривична пријава од еден член на клубот пред судот поради сомнеж за наводно перење пари и незаконско наплаќање на провизија.

Лапорта во интервју за „Радио Каталонија“ ги отфрли обвинувањата и посочи дека тоа е обид за дискредитација во пресрет на претседателските избори во клубот.

„Сè е лажно. Ова е стратегија со цел да се наштети на моите интереси и тоа што го претставувам на изборите“, кажа Лапорта.

„Ел Периодико“ прв објави детали дека наводно постоела мрежа од компании во Шпанија, Кипар, Дубаи, Хрватска и Естонија преку кои се наплаќале незаконски провизии за време на мандатот на Лапорта.

Фото: Facebook/FC Barcelona