Откриено колку изнесува штетата по пожарот на „Маракана“ (ВИДЕО)

Епилогот од големиот пожар, кој го предизвикаа навивачите на Партизан на гостувањето кај Црвена Звезда на „Маракана“ е целосно уништена јужна трибина.

Првите проценки покажале дека штетата изнесува дури 23,4 милиони динари, односно околу 200.000 евра, што досега е најголема штета направена во дуелите на овие два ривали.