Гризман заминува од Атлетико - пред да заврши сезоната!

Легендарниот француски фудбалер, Антоан Гризман наскоро ќе го напушти Атлетико Мадрид и нема да ја доигра сезоната.

Неговата следна дестинација би требало да биде МЛС, информациите велат дека тој е во напредни преговори со Орландо Сити.

Сите страни се инволиврани во преговорите и се на добар пат да си подадат рака.

Орландо сака Гризман да потпише во наредните недели. Нивниот директор Рикардо Мореира е во Мадрид каде ги договара последните детали околу трансферот.

Новата сезона во МЛС штотуку почна, засега се одигра само првото коло.