
Teжок удар за Реал Мадрид: Заврши сезоната за Рудигер!
Рудигер се здоби со повредата во драматичното финале од Купот на Шпанија против Барселона, каде мораше да го напушти теренот во продолженијата. По деталните прегледи, лекарскиот тим донесе одлука за операција, а закрепнувањето ќе трае најмалку два месеца, што значи дека за 32-годишниот дефанзивец сезоната во дресот на „кралскиот клуб“ е завршена.
Ова е сериозен удар за Реал, кој се наоѓа во финишот од шампионската трка со водечката Барселона, која пет кола пред крајот на Ла Лига има четири бода предност. Судирот меѓу двата тима во претстојното „Ел Класико“, кое ќе се игра во Барселона, би можел да биде клучен за титулата, а мадридскиот тим ќе мора да настапи без својот „столб“ во одбраната.
Иако сезоната за Рудигер во Ла Лига е завршена, постои можност тој да се врати на теренот за Светското клупско првенство, кое започнува во јуни и трае до јули, доколку рехабилитацијата се одвива според планот.
Фото: Real Madrid C.F/X