Тевез експресно најде работа после пензијата – почна тренерската кариера во Росарио!

Аргентинската ѕвезда Карлос Тевез, легенда на Бока јуниорс и екс-фудбалер на Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Јувентус кој неодамна реши да ја заврши фудбалската кариера, експресно најде нова работа, сега како тренер.

Аргентинскиот прволигаш Росарио Централ денеска го наименува за прв тренер на тимот и Тевез со овој клуб потпиша едногодишен договор со што официјално ја стартува својата тренерска кариера.