Таткото на Јамал: Сега Барса ме храни, Реал не ме интересира!

Таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи славеше со својот син по победата на Барселона над Реал во финалето од Купот на Шпанија, но сега призна дека во минатото бил навивач на Реал Мадрид.

Насрауи се симна на теренот и се придружи во слајвето, но набрзо потоа на социјалните мрежи се појавија негови фотографии во боите на најголемиот ривал на каталонскиот гигант.

Поради тоа новинарите му поставија прашање дали некогаш бил навивач на „кралевите“, а тој беше искрен.

„Да, некогаш бев навивач на Реал, но сега не ме интересира. Барселона е таа која ме храни“, призна Мунир.

Токму неговиот син беше еден од клучните фудбалери на Барселона во финалето и со две асистенции помогна Барселона да освои нов трофеј. За Барселона вкупно овој трофеј беше 32. во Купот на Шпанија.

Фото: Screenshot/Barcelona FC