Светските шампионки ѝ стегнаа тужба на федерацијата - бараат отштета од 66 милиони!

Американските фудбалерки и членки на националниот тим кој го води Македонецот, Влатко Андоновски ѝ стегнаа тужба на фудбалската федерација на САД и бараат отштета од 66 милиони долари поради – полова дискриминација.

Барањето за отштета со тужба на која се наведени сите точки по кои се бара финансиската надокнада е предаден на окружниот суд во Лос Анџелес и на 5 мај ќе започне судењето на фудбалската селекција против федерацијата. Во доказите кои се доставени, се колективните договори за мажите и за дамите, кои досега не беа објавени, а кои покажуваат дека има нееднаква исплата на машките и женските репрезентативци, како и различни структури на плати помеѓу посилниот и понениот пол..

Меѓу докиментите кои се поднесени до судот е и изјавата на најдобрата светска фудбалерка Меган Рапино од 2016 година, кога адвокатот на федерацијата Расел Савијер за време на преговорите истакнал дека „реалноста е таква на пазарот, па жените не може еднакво да бидат платени како мажите“. Оваа изјава е спротивна од тврдењта на Карлос Кодеиро, првиот човек на федерацијата од 29 јануари годинава, во кој изјавил дека „фудбалерките не се третирани еднакво“ и дека можностите за фудбалерките се помали во однос на фудбалерите.

Секој американски репрезентативец за учеството во квалификациите на СП 2018 година во Франција, за кое не се пласираа, добија по 179.375 долари за 16-те меча, за разлика од фудбалерките кои заработија нешто повеќе, 52.500 за квалификациите и 147.500 долари за учеството на женскиот Мундијал, но од тие пари 110.000 се бонус за освоената светска титула.

Колкава е разликата, најдобро говори фактот дека американските репрезентативци кои играа на СП 2014 во Бразил имаа 5.500 долари од меч за квалификациите, 175.000 долари за секој освоен бод, а севкупно заработија по 700.000 долари за настапот на Мундијалот, плус што поделија уште 3,6 милиони „зелени банкноти“ за пласманот во елиминациските фази.

Единствено во кое засега од страна на сојузот се израмнети мажите и жените се висината на дневниците, кои добиваат по 62,5 долари, а за странство по 75 долари.