Светската економија ќе загуби 12 милијарди долари поради Мундијалот во Русија!?

Познатата агенција „Блумберг“ пресметала дека само во првите две недели од Светското првенство во Русија, светската економија ќе загуби 12 милијарди долари од својот светски бруто домашен производ, затоа што во голем пад е продуктивноста на работниците.

Пресметувајќи колку продуктивни часови се во опасност поради годинешниот турнир и која е цената по работодавците и економијата низ светот, „Блумберг“ тргнал од претпоставка дека класичното работно време трае од 9 часот наутро до 5 часот попладне и дека 50 отсто од работната сила на секоја популација, повеќе ќе биде заинтересиран да гледа СП отколку да работи.

Според анализата на њујоршката агенција, бразилската економија на пример скапо ќе ја плати цената поради мечевите на „кариоките“ со Србија и со Костарика, кои сега стануваат и тоа како важни по ремито 1-1 на петкратниот светски првак со Швајцарија. Агенцијата пресметала дека поради настапите на Бразилците, во најфудбалската земја ќе има прекин на работното време.

Од друга страна, Бразил важи за еден од фаворитите за освојување на Мундијалот, но во случај „кариоките“ да победат, а еуфоријата да биде поголема, зголемената продуктивност нема да има поголем ефект, ниту пак ќе биде доволно да се надомести загубениот фонд на работни часови. Од друга страна, Бразилците се молат да не им се случи катаклизма со Костарика, затоа што продуктивноста по тој меч ќе падне за 15 отсто во часовите по мечот.

Примерот со Бразил е само еден од земјите кои учествуваат на СП, а мундијалската еуфорија буквално го зафати целиот свет, па термините на мечевите веќе почнаа да се прилагодуваат на работните обврски со цел да се запре непродуктивноста.