Спалети избра засилување за одбраната, стопер од Премиер лигата!

Екипата на Јувентус во овој преоден рок би можела да добие засилување од Премиер лигата и тоа стоперот на Борнмут, Маркос Сенеси.

Според тврдењата на Матео Морето, Јувентус наскоро ќе испрати понуда на адреса на аргентинскиот дефанзивец, кој влегува во последната година од договорот и на лето ќе стане слободен играч.

Сенеси важи за еден од најдобрите стопери во Премиер лигата оваа сезона, а особено е омилен кај оние кои играат „Фантази“ бидејќи знае и да погодува. Неговите настапи ги следеле и други клубови, но наводно „старата дама“ во овој момент е најконкретна.

Сенеси има 28 години, а во Борнмут пристигна во летото 2022 година од Фејенорд за 15 милиони евра.

Зад себе има109 натпревари за англискиот клуб, а сезонава по заминувањата на Хујсен и Забaрњи доби многу повеќе простор за игра кој го искроисти на најдобар можен начин.