
Сколс „удри“ по новиот сопственик на Јунајтед: Имам чувство како да просиме!
Ретклиф неодамна го објави планот за изградба на нов стадион кој се очекува да чини околу две милијарди фунти и тоа беше сосема неочекувано бидејќи клубот поминува низ сериозна резултатска криза.
Сепак, само неколку дена по објавата за нов стадион Манчестер јунајтед предизвика незадоволство помеѓу навивачите со најавата за поскапување на сезонските билети за пет отсто.
„Некогаш можете да бидете лековерни и да поверувате во тоа што го зборува Џим Ретклиф од проста причина што никогаш не сте слушнале некој друг да зборува за тоа. Не знаеме колку е реално сето тоа што е во воздухот. Зборовите се ефтини и можеме да кажеме било што за било кого, секој може да каже дека за десет години ќе го има најголемиот и најдобриот стадион во светот“, изјави Сколс во гостувањето во емисијата „Оверлап“.
Потоа легендарниот англиски фудбалер ја потенцираше и својата поента.
„Долго време не сметаа за најбогат клуб, но имам чувство како сега да просиме и да бараме пари за изградба на нов стадион додека продаваме фудбалери за да купуваме нови“, заклучи Сколс.