Селекторот на Гана не може да се помири - свирнаа пенал само затоа што е Роналдо

Синоќа Португалија ја победи Гана со 3-2, а натпреварот беше отворен со мек пенал кој беше досуден врз Кристијано Роналдо.

Селекторот на Гана, Ото Адо верува дека судиите немало да досудат пенал доколку стартот бил врз друг фудбалер, тој смета дека немало фаул.
„Судијата свирна пенал кој не беше пенал. Сите го видоа тоа. Зошто? Бидејќи е Роналдо. Доколку некој постигне гол, честитки. Но ова беше вистински подарок. Специјален подарок од судијата“, вели Ото Адо.
Роналдо со тој погодок стана првиот играч во историјата кој постигнал голови на пет Светски првенства.