„Сега знаеме дека Меси за ‘Златната топка’ не се бори со Роналдо, туку со - Перез!“

Доделувањето на „Златната топка“ и понатаму е во центар на внимание, зашто многумина веруваат дека Лука Модриќ не ја заслужил наградата, а критики испрати и Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач реши да даде свое мислење за престижната награда и со својата изјава му даде до знаење на Модриќ дека не ја заслужил наградата.

Ибра порача дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е најзаслужен за тоа што Модриќ ја освоил наградата, но и Кристијано Роналдо додека играше за нив.

„Сега знаеме дека Лионел Меси за ‘Златанта топка’ се натпреварува со Перез, а не со Роналдо како што се мислеше претходно“, порача Ибрахимовиќ.

Многумина се согласуваат со Ибра и веруваат дека Модриќ е далеку зад Меси и Роналдо, но во секој случај Хрватот ја прекина нивната долгогодишна доминација.