Се врати фудбалот во уште една земја, но и навивачите на трибини! (ВИДЕО)

Фудбалската сезона во некои лиги продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирус, а во некои допрва треба тоа да се случи. Но, има и земји во кои е решено целосно да се откаже сезона и да се сврти кон планирање на следната.

Онаму каде што фудбалот продолжи, мечевите се играат пред празни трибини, а истото се очекува и во останатите лиги. Сепак, имаме исклучок и во тој поглед.

По двомесечна пауза фудбалот се врати и во Виетнам, каде денес се игра натпревар од 1/16 финалето во тамошниот Куп, а на стадионот има илјадници навивачи.

Инаку, одлулчено е на денешниот натпревар помеѓу Нам Дин и Гиа Лаи бројот на навивачи да биде лимитиран на максимум 10.000.