Самуел Ето по само неколку месеци фудбалска пензија изгледа непрепознатливо (ВИДЕО)

Самуел Ето изминатата сезона ја заврши фудбалската кариера. Тој пред само неколку месеци официјално објави дека ги закачува копачките, а пред некој ден ја шокираше јавноста со својот изглед.

Легендарниот Камерунец, кој играше за Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Челси и неколку други екипи, се појави на егзибиционен натпревар во Мароко. Навивачите беа шокирани кога видоа дека Ето е здебелен и пуштил стомак за само неколку месеци откако објави пензија.

Очигледно животот без секојдневно тренирање му годи, но и покрај вишокот килограми за време на натпреварот покажа дека и натаму има фудбалско знаење.