Сала го погребаа, а негов роднина тврди: Нашиот Емилијано е убиен!

Емилијано Сала почина во авионската несреќа на 21 јануари на пат од Нант кон Кардиф, кога леталото се урна во Ламанш, па беше почната голема потрага.

Во неговата татковина беше одржан погреб, а тој почна во седум часот наутро по локално време. На погребот беше и тренерот на Кардиф, Нил Ворнок, кој беше многу потресен.

Еден од најгласните на погребот беше роднината на Сала, Матијас Гати, кој кажа дека Аргентинецот бил убиен.

„Има многу неправилност. Тие го натерале да се качи со сила во авионот. Стана важна личност и го оставија сам, никој не го претставуваше. Го убија Емилијано. Тоа мора да се истражи. Требаше малку повеќе да внимаваат и да пуштат друг авион“, смета роднината на Сала.