Роналдо со приватниот авион избегал од Саудиска Арабија!?
Војната во Блискиот Исток се разгорува, а Иран како одговор на нападите од САД и Израел ги бомбардира државите кои им даваат поддршка. Бомби имало и на американската амбасада во Ријад.
Во главниот град на Саудиска Арабија живее Роналдо заедно со својата сопруга Георгина и нивните пет деца, но нејасно е дали целото семејство било во авионот кој во 1 часот по полноќ слетал во Мадрид.
Актуелната ситуација на Блискиот Исток веќе има влијание и врз спортот, бројни настани се откажуваат. Нема да биде чудно доколку ѕвездите кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ... одлучат да заминат од таму.