Роналдињо се „откажа“ од бразилската репрезентација, па ја смири јавноста: Тоа е само реклама

Поранешната бразилска суперѕвезда Роналдињо ја вознемири јавноста во својата татковина отккако изјави дека повеќе нема да ги гледа натпреварите на „кариоките“ поради нискиот квалитет со кој располага петкратниот светски шампион.

„Тоа е тоа, луѓе. Ова е тажен момент за оние кои го сакаат бразилскиот фудбал. Станува тешко да се најде дух за гледање натпревари, ова е најлоша екипа во историјата на бразилската репрезентација, нема респектабилни лидери, туку просечни фудбалери. Никогаш не сум видел полоша ситуација од оваа“, рече Роналдињо.

Денеска, некогашниот играч на Барселона ја симна топката и порача дека сето тоа беше само реклама.

„Никогаш не би го напуштил бразилскиот фудбал, никогаш. Ова што го слушнавте се зборови на навивачите на репрезентацијата на социјалните мрежи и замислете како им е на играчите кога ќе го слушнат сето тоа, дали можа да играат потоа. Поддршката на навивачите прави голема разлика кај фусбалерите“, откри Роналдињо.

Бразил го очекува настап на Копа Америка каде, сепак, не е меѓу фаворитите за титулата, со оглед на лошите резултати во последните месеци.