Роналдињо не се срами од затворот: И таму бев победник (ВИДЕО)
Една од темите е и неговото однесување кое, според сведоштвата, влијаело врз неговата кариера, иако не го спречи да се издвои меѓу најдобрите.
„Роналдињо ноќта пред натпревари излегуваше на забави и не спиеше до зори“, наведува поранешниот тренер во ПСЖ, Луис Фернандез, од периодот пред Бразилецот да потпише за Барселона.
Едно од најистакнатите имиња што се појавува во документарецот е и Лионел Меси. Аргентинската ѕвезда се потсети на почетокот од својата кариера во Барселона и на односот со Бразилецот.
„Тој беше лидер во соблекувалната, а начинот на кој од првиот ден се постави кон мене ми олесни многу работи. Засекогаш ќе бидам благодарен, тој има посебно место во моето срце“,зборуваше Меси.
RONALDINHO: THE ONE AND ONLY, a new documentary series, premieres April 16.
— Netflix (@netflix) April 2, 2026
Follow the life and career of Brazilian soccer star Ronaldinho, tracing his journey from young prodigy to global sports icon. pic.twitter.com/9yBpOwsHkX
Роналдињо во документарецот зборува и за едно од најтешките животни искуства, престојот во затвор во Парагвај во 2020 година поради поседување лажни документи.
„И таму бев победник. Стекнав пријатели бидејќи сите играа фудбал и се занимаваа со спорт. Тоа беше начин да заборавам на она низ што поминував“, се потсети поранешниот играч на Барселона и ПСЖ.
Ќе потсетиме, проблемите на Роналдињо започнаа со неважечка патна исправа, но подоцна се покажал дека случајот е многу посериозен. Тој беше уапсен, а потоа пуштен од затвор во Асунсион и префрлен во домашен притвор. Пододоцна со неговиот брат, Роберто Асис платија каузија од 1.6 милиони долари за да се бранат од слобода.