Рашфорд се збогува со Барселона: Беше незаборавно искуство, го ценев секој момент тука!
Рашфорд минатото лето пристигна во Барселона од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица, а денеска со емотивна порака се прости од навивачите на актуелниот шампион на Шпанија.
„Неизмерно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој во Барселона толку позитивно и незаборавно искуство. Го ценев секој момент поминат тука и сигурно засекогаш ќе ги носам тие спомени со себе. Им благодарам на сите во клубот, како и на навивачите, и им посакувам многу среќа и успеси во новата сезона“, порача Рашфорд.
Во дресот на Барселона минатата сезона Рашфорд одигра 49 натпревари и постигна 14 голови.