Првпат во историјата, Шведска ќе има странец селектор

Данскиот стручњак Јон Дал Томасон е избран за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација со што стана прв странец предводник на оваа селекција.

Некогашниот напаѓач на кормилото ќе го наследи Јане Андерсон кој во ноември минатата година доби отказ откако не успеа да ја однесе Шведска на Европското првенство во Германија. Томасон неодамна поднесе оставка од менаџерската функција во Блекбурн, а со Фудбалската федерација на Шведска потпиша договор до крајот на Мундијалот во 2026 година кој автоматски ќе се продолжи ако репрезентацијата обезбеди пласман на оваа манифестација.

Томасон е легенда на данскиот фудбал, на 112 натпревари за репрезентацијата постигна 52 гола, а играше за Коге, Херенвен, Њуаксл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал. Тренерската кариера ја почна во Ексцелзиор, беше помошник во Витесе и холандската репрезентација, го водеше Малме, а последните две сезони беше менаџер на Блекбурн.