Прва мундијалска приказна: Режисерот, кој му одбрани пенал на големиот Лео Меси!

Исланд денеска дебитираше на светските првенства како најмалата земја што учествувала на најголемиот фудбалски фестивал, и „рибарите“, кои имаат неверојатен фудбалски напредок на своето деби стигнаа до првиот бод и тоа против еден од кандидатите за круната – Аргентина.

Пред седум-осум години Исланд беше аутсајдер рамен на Андора и Фарски Острови, но Исланѓаните откако почнаа да напредуваат и да играат на европските првенства во младите категории, експлодираа со настапот на Евро 2016, пласманот во четвтфиналето, а кулминацијата сега ја доживуваат со настап на СП. Малата земја без голема фудбалска традиција, денеска го слави голманот Ханес Тор Халдорсон. Тој на средина од вториот дел успеа да му одбрани пенал на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – Лионел Меси.

И ако сета фудбалска немоќ на теренот, Исланѓаните ја покриваа со борбеност, храброст, пожртвуваност, фудбалскиот бој во час и половина со двојниот светски првак сепак го стави Халдорсон во преден план. Освен што одбрани пенал, потоа одбрани и еден неверојатно тежок удар, кој повеќе беше центаршут на Кристијан Павон. Како и секојпат, Мундијалот пишува убави приказни и таа на исландкиот голман е неверојатна.

Тоа што е неверојатно е дека Ханес не е професионален фудбалер, туку – професионален режисер. Кога не брани пенали, како денешниот со Меси, работи со режија, а за овој Мундијал ја режираше фантастичната реклама на Кока Кола, инспирирана од култниот исландски викингшки поздрав. Плус, тој пред шест години го режираше и спотот на песната со која Исланд беше на Евровизија.

Еве ја рекламата која Халдорсон ја режираше за најпопуларната компанија за безалкохолни пијалоци и долгогодишен партнер на ФИФА за Светските првенства.