„Проклеството“ на Анчелоти: Италијанецот не може да освои Суперкуп во непарна година!

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ретко губи финалиња, но вчера уште еднаш се потврди „правилото“ кое го следи низ кариерата.

Многу веројатно најголема рана во големата кариера на Анчелоти ќе остане истанбулскиот пораз од Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите во 2005 година и тоа му е единствениот пораз во финалињата на елитното натпреварувања.

Но, со вчерашниот пораз од Барселона се потврди уште едно „проклество“ кое го следи Анчелоти.

Тоа е дека секогаш губи финалиња за трофејот во Суперкупот на Шпанија кога тие се играат во непарни години.

Пред две години Реал беше поразен исто така од Барселона со со 3-1, а пред една деценија фудбалерите на Атлетико славеа со 1-0 во реванш натпреварот. Овој податок може ќе поминеше и незабележано ако Реал не славеше во финалињата на Суперкупот на Шпанија во 2022 и 2024 година, па останува да се види како ќе биде во иднина.