Ѓоковиќ изгуби сет, но не дозволи сензација против 107. тенисер во светот

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и се пласираше во второто коло на Австралија Опен откако денеска со 3-1 во сетови беше подобар од Американецот, Нишеш Басверди.

Ѓоковиќ до победата дојде по речиси три часа игра (2:57). Првиот сет изненадувачки му припадна на американскиот тенисер кој направи брејк за водство од 3-4 и тој се покажа како доволен за да го освои сетот.

Сепак, Ѓоковиќ не дозволи изненадување и во наредните три сета го поткрнеа нивото на игра за да дојде до победата. Еден брејк видовме и во вториот сет, сега за Ѓоковиќ за 5-3. Веќе во следниот гем Новак го потврди брејкот и израмни во сетови.

Во третиот сет Ѓоковиќ уште на стартот го одзема сервисот на 107. тенисер на АТП листата и предноста ја задржа до крајот на гемот. Во четвртиот сет српскиот тенисер издоминира и го освои сетот со 6-2 за конечна победа.