Талески замина од Пелистер и го засили Вардар
Талески во досегашниот дел од сезоната настапи на 18 меча за битолчани, но реши да замине од Пелистер, иако клубот се обидел да го задржи.
Вардар доби уште едно засилување во офанзивниот дел од теренот, кое треба да му помогне во борбата за опстанок во лигата.
„Црвено-црните“ се наоѓаат на 11. место во шампионатот со само 13 бодови, односно еден повеќе од Воска Спорт.