Анчелоти побара засилувања по дебаклот од Барселона, ама можностите не се големи

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти побарал засилувања во јануарскиот преоден рок откако неговиот тим синоќа доживеа дебакл во финалето од шпанскиот Суперкуп.

„Кралскиот клуб“ има многу проблеми во одбраната поради големиот број повредени играчи поради што Анчелоти мора постојано да експериментира со позициите. Така вчера на стоперската позиција играше Орелиен Чуамени и беше убедливо најслаб играч на теренот и поради негова лоша поставеност и грешки Реал прими неколку голови.

Сепак, опциите за засилувања во јануари не се многу големи, особено на стоперските места. Единствениот играч со кого Реал е во преговори е фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд, но тој има договор до крајот на сезоната, а премиерлигашот нема намера да го ослободи зимава, по цена и да го загуби бесплатно во јуни.