Црногорка е хит на Австралија Опен: Првпат заигра на грен-слем по година ипол и победи! (ВИДЕО)

Црногорската тенисерка, Данка Ковиниќ се најде во центарот на вниманието во третиот ден на Австралија Опен.

Имено, таа во овој момент се наоѓа на 1.289 позиција на ВТА листата, а успеа да се пласира во второто коло со победа над Лулу Сан од 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

Посебно за истакнување е што таа пред овој меч паузираше повеќе од една година поради тешка повреда. Ковиниќ за првпат настапи на грен-слем турнир по УС Опен 2023 година.

По победата Црногорката не можеше да ги сокрие емоциите и се расплака. Противничка во второто коло ќе и биде Украинката Дарија Јастремска.