Медведев добро се испоти во првото коло на АО против тенисер кој е 418. место на АТП!

Петтиот носител на Австралија опен, Данил Медведев во пет сета го победи Касидит Самреј од Тајланд кој ги изненади сите со силниот отпор кој му го пружи на рускиот тенисер.

Медведев беше огромен фаворит во овој меч, разликата меѓу него и Самреј на АТП листата е дури 413 позиции. Но работите на теренот изгледаа како да нема голема разлика.

Русинот одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-2, но следуваше пресврт, наредните два сета му припаднаа на тенисерот од Тајланд кој ги доби со 6-4 и 6-3 и поведе со 2-1 во сетови.

Откако ја загуби предноста, Медведев заигра како што треба и ги доби следните два сета со 6-1 и 6-2 за победа од 3-2 во сетови.

Од другите поинтереси мечеви кои завршија Беретини со 3-1 го победи Нори, во српскиот дуел Кецмановиќ со 3-2 беше подобар од Лајовиќ, Руне со 3-2 го совлада Жанг, Фриц со 3-0 го помина Бруксби.