Возиња е ѕвезда на СП: Има 40 години, вреди 50.000 евра и ја шокира Шпанија (ВИДЕО)

Шпанија беше апсолутен фаворит против дебитантот Зеленортските острови на стартот на Светското првенство (СП), но еден човек не ѝ дозволи на „црвената фурија“ да освои три бодови.

Хосимар Жозе Евора Диаз, познат како Возиња беше нерешлива енигма за Шпанците, а притоа стана сензација на СП, но и социјалните мрежи.

Искусниот голман имал неочекуван животен пат. Возиња дури на 25 години ја напуштил татковината и почнал професионална кариера со што изборил место во националниот тим.

Неговиот прв ангажман надвор од татковината бил во Ангола, каде што играл за Прогресо. Во кариерата бранел за АЕЛ Лимасол, Тренчин, Чавес и други екипи, а од 1 јули е слободен агент и засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, иако неговата вредност според „Трансфермаркт“ е 50.000 евра.

По неверојатната партија против Шпанија тој доби и голем број фанови на социјалните мрежи, односно пред натпреварот имаше околу 43.500 фанови, а сега има над 1,8 милиони.