Шпанија е меѓу фаворитите за титулата, а на последните четири мундијали има само три победи
Со оглед на тоа што пред и потоа „фуријата“ стигна и до трофејот на континенталните шампионати, сите очекуваа и на мундијалите да влезе во серија. Сепак, оттогаш почна една лоша серија која трае веќе четврто првенство во низа.
Почнувајќи од Мундијалот во Бразил, Шпанија има само три победи, а го игра веќе четвртото првенство по ред. По еднаш славеше во Бразил, Русија и Катар, а денеска со реми го почна шампионатот што се одржува во Северна Америка.
По триумфот против Холандија во 2010 година, Шпанците остварија само три победи, а одиграа вкупно 12 натпревари. Следната шанса за четврта победа ќе ја имаат на 21 јуни против Саудиска Арабија на истиот стадион на кој играа денеска.