Шпанските медиуми „распалија“ по фудбалерите: Ова е светски срам, екипата нема душа!

Фудбалската репрезентација на Шпанија непријатно ги изненади своите фанови, откако одигра 0-0 против дебитантот на Мундијалот, а тоа е селекцијата на Зеленортските острови.

Екипата на Луис Де Ла Фуенте напаѓаше и се закануваше кон противничкиот гол, меѓутоа не успеа да постигне гол, а тоа предизвика револт во Шпанија и жестоки критики.

„Светски срам. Оваа Шпанија нема душа, импотентна е. Каков слаб почеток на Мундијалот. Голманот Возиња е играч на натпреварот“, пишуваат шпански „АС“ и „Марка“.

Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)