Каков малер: Играл „сигурица“ на Шпанија, изгубил еден милион евра (ФОТО)

Шпанија ремизираше 0-0 со Зеленортските Острово во првото коло од Групата Х на Светското првенство во една од најголемите сензации во историјата на Светското првенство.

Покрај тоа што ги доведоа шпанските навивачи до очај, фантастично дисциплинираните играчи од малата африканска држава доведоа до очај и еден обложувач. Неговото име засега е непознато, но објавено е дека уплатил милион долари на победата на Шпанија на платформата Полимаркет. Ако Шпанија победеше, ќе добиеше 1.085.943,48 долари, или чиста добивка од нешто повеќе од 85.000 долари.

Неговиот огромен ризик не се исплати бидејќи Зеленортските Острови направија една од најголемите сензации на сите времиња и со тоа го доведе гореспоменатиот обложувалник до очај.