Голема борба и реми во Сиетл: Белгија со автогол извлече бод против Египет (ВИДЕО)
Дуелот што се одигра во Сиетл заврши 1-1, а натпреварот донесе голема борба, без многу убавина. Египет имаше услови за победа бидејќи се наоѓаше во водство долго време, но автогол го оневозможи да слави на отворањето на Мундијалот.
Резултатот го отвори Ашур во 19. минута со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот откако го фати на погрешна нога голманот на Реал, Тибо Куртоа. Египќаните по водството имаа уште неколку шанси да зголемат и на 2-0, но во клучните моменти не беа сконцентрирани и не успеаја уште еднаш да ја затресат противничката мрежа.
Клучно за Белгија се покажа влегувањето на ветеранот Ромелу Лукаку во 66. минута. Веќе во првиот напад со него, „црвените ѓаволи“ израмнија, тој не го постигна голот, но навлече тројца противнички фудбалери од кои еден - Хани ја смести топката во својата мрежа и го постави конечниот резултат.
Шансата за прва победа на Мундијалот, двете селекции ќе ја бараат во второто коло во кое Белгија се среќава со Иран, а Египет со Нов Зеланд.