Лапорта: Ла Лига и Федерацијата се обидоа да ја дестабилизираат Барселона!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта распали по Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија за последните случувања со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор.

Барселона во изминатите денови успеа да ги регистрира Олмо и Виктор, а потоа го освои и Суперкуп трофејот, па влезе во позитивен период кој следува по многу турбуленции.

„Никогаш нема да си дадам оставка за одлуки кои ги донеле Ла Лига и Федерацијата“, вели Лапорта.

„Ние не се предаваме, тие се обидоа да го дестабилизираат клубот, фудбалерите и тренерот. Ние реагиравме, го освоивме Суперкупот и навистина го ценам тоа“.

„Конечно сме назад на правилото 1:1, сега можеме да купуваме фудбалери по нормален процес. Можеме да си дозволиме регистрација на играчи како Дани Олмо и Пау Виктор и наскоро ќе имаме наш нов стадион“.