Хамес Родригез има нов клуб

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез е нов клуб на екипата на Леон, потврди клубот од Мексико.

Во редовите на овој клуб, Колумбиецот пристигнува од тимот на Рајо Ваљекано.

„Рајо Ваљекано и Клуб Леон од Мексико постигнаа договор за трансфер на Хамес Родригез“, стои во објавата без да се откријат детали од зделката.

Претходно во својата кариера, Родригез ебше дел од: Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал, Баерн, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос и Рајо Ваљекано.

За репрезентацијата на Колумбија настапи на 106 натпревари и постигна 28 гола. На големата сцена најсилно блеска на Светското првенство во 2014 година каде што беше најдобар стрелец и токму по тој турнир следеше трансферот во Реал Мадрид.