Чалханоглу се повреди, го чека пауза

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу ќе отсуствува од терените две до три недели поради повреда, објавија италијанските медиуми.

Чалханоглу се повреди минатата недела во финалето од Суперкупот на Италија и по половина час мораше да го напушти натпреварот против Милан.

Поради истегнување на бутнот мускул, Чалханоглу тренираше одвоено од екипата, но се пожали и на болка во листот, а деталните прегледи покажале дека ќе мора да паузира.

„Скај Италија“ објави дека се очекува турскиот фудбалер да паузира две до три недели и поради тоа ќе ги пропушти натпреварите со: Болоња, Емполи, Спарта прага и Лече, а веројатно и натпреварот со Монако во Лигата на шампионите кон крајот на месецот.