Сепак, се случи најлошото: Згасна тројниот европски шампион
„Со тешко срце мораме да објавиме дека Управниот одбор на Вајперс одлучи да ја прекина работата и да објави стечај на клубот. Таквата одлука е донесена по темелна оценка на финансиската состојба и недостаток на можности за натамошно функционирање“, објавија од Вајперс Кристијансанд кој од 2021 до 2023 година, три пати по ред ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.
Пред крајот на октомври, клубот избра нов Управен одбор кој требаше да најде спас и финансиска инјекција која би помогнала за натамошно функционирање. Очигледно, новите лица не успеале во тоа, па Вајперс Кристијансанд згаснува по 88-годишно постоење.