Пелистер се раздели со Катаниќ и Талески, па потпиша со руски напаѓач
Битолчани ја прекинаа соработката со Александар Катаниќ и Михаил Талевски, по што го промовираше рускиот напаѓач Захар Тарсенко.
Екипата од Битола најави уште неколку нови засилувања во следниот период, кои треба да помогнат за Пелистер да обезбеди подобар пласман.
Пелистер во моментов се наоѓа на седмата позиција во шампионатот со 19 освоени бодови по 18 одиграни натпревари.