Флик - човек кој не знае да загуби финале!

Барселона вчера славеше со 5-2 против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, а со тоа се покажа дека Ханси Флик не знае да загуби финале во кариерата.

Германскиот тренер во кариерата ги водеше своите екипи до шест финалиња и освои дури шест пехари со нив.

Флик со тимот на Баерн Минхен играше во финалињата на германскиот Куп, Суперкуп, Лига на шампиони, европски Суперкуп и Светско клупско првенство и се закити со титули.

„Горд сум на моите фудбалери, стручниот штаб и навивачи. Ова е голем успех за нас“, кажа Флик по победата против Реал Мадрид.