O’Саливен ја тужи снукер федерацијата за 12 милиони евра

Компанијата „НСТ Ворлдвајд“, чиј сопственик е познатиот снукер играч Рони О’Саливен, ја тужи федерацијата на спортот и бара отштета од 12 милиони евра.

Компанијата тврди дека со „незаконски правила се елиминира конкуренцијата“, односно се спречуваат играчи да настапат на други турнири.

Тужбата на компанијата е реакција откако еден од сопствениците се обиде да организира четири турнири, а Светската снукер федерација блокираше два од настаните.