Челси го купи за 10 милиони евра, а сега го продава за три пати повеќе пари!

Англискиот гигант Челси минатото лето го ангажира талентираниот португалски фудбалер Ренато Веига за „само“ 10 милиони евра, а сега може да заработи три пати повеќе пари на неговиот трансфер.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ се подготвени да го продадат Веига во Борусија Дортмунд за 30 милиони евра.

Челси веќе имал понуди и од други екипи од Италија, Франција и Англија, но Дортмунд делува како најсериозен кандидат за неговиот потпис.