
Повредата не е наивна, Меси ќе ги пропушти следните два натпревара
Видливо беше дека Аргентинецот не може да се движи, па селекторот Лионел Скалони го повлече од игра и Меси во солзи седна на клупата за резервни играчи. Првите информации се дека се оштетени лигаментите на неговиот скочен зглоб. Тренерот на Интер Мајами сега објави дека најдобриот светски фудбалер ќе ги пропушти најмалку следните два меча на својот тим, но не е исклучено паузата да трае подолго.
„Меси нема да игра против Торонто вечерва и Чикаго в недела. Се уште го утврдуваме обемот на неговата повреда, ќе бидат направени тестови и врз основа на тоа ќе одлучиме колку долго ќе биде надвор од терените“, изјави Мартино.
Иако Меси беше надвор од тимот повеќе од еден месец, тоа не се одрази на резултатите на Интер Мајами. Екипата претрпе само еден пораз (1-6) од Синсинати и се наоѓа на второто место во Источната конференција.