Почина младиот фудбалер, кој доби срцев удар на натпревар во Португалија (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Алекс Аполинарио денеска починал по четири дена минати во болница, откако имаше срцев удар за време на натпревар од третата португалска лига. 

Аполинарио имаше само 24 години и играше за тимот на Алверка, а трагедијата се случи на дуелот со Униао де Алмеирим во неделата.Се онесевести околу 30-тата минута. Медицинскиот тим веднаш реагираше и беше реанимиран на теренот и потоа пренесен во болница. Неговиот клуб Алверка денеска преку официјално соопштение потврди дека Бразилецот починал.

Ова е моментот кога младиот фудбалер колабираше на теренот.