Пикси: Изненаден сум, физички бевме катастрофа во вториот дел!

Српската легенда Драган Стојковиќ-Пикси после поразот на еуфоричната Србија од првиот фаворит Бразил посочи дека причина за поразот е физички катастрофалното второ полувреме, но повредите кои го диктираа периодов за СП, пред сѐ на многу важните играчи – Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ и Филип Костиќ, кој не играше.

Бразил ја надигра Србија, даде два гола преку Ришарлисон, иако можеше и поубедливо да слави, па сега „орлите“ сета концентрација ќе им биде на следните мечеви со Камерун и Швајцарија, кои секако и пред СП им беа клучни за пласман во осминафиналето.

„Клучно беше што во вториот дел физички бевме катастрофа и за мене тоа е изненадувачки. Бразил е премногу искусна екипа и знаеше тоа да го искористи, а ја немаше ни нашата пас-игра во вториот дел. Првиот дел коректен од наша страна, но има работи кои се присутни. Во невреме дојдоа повредите на Митровиќ, Влаховиќ, Костиќ... Тоа е премногу за нашиот тим. Но, Бразил заслужено победи. Паднавме многу физички, немаме здрави играчи, тоа е единствената вистина. Сега мора максимално да се одмориме и да се обидеме следните два меча да решаваме за нашата судбина. Јас само се надевам дека Костиќ ќе го имаме за Камерун“, рече Пикси.