![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2023/03/04/195556-pele-beshe-mnogu-srekjen-shto-mesi-i-argentina-stanaa-svetski-prvaci.jpg?itok=Z8mAGvn-)
„Пеле беше многу среќен што Меси и Аргентина станаа светски прваци!“
Пеле уште во на крајот на октомври беше хоспитализиран поради низа проблеми и срцева слабост и до смртта беше во болница, па од собата каде беше сместен гледаше некои од мечевите на СП, додека ситуацијата не стануваше се полоша и полоша.
„Сите сакаа Бразил да ја освои титулата само поради мојот татко. Но, после поразот на Бразил од Хрватска на пенали, ситуацијата веќе стануваше сѐ полоша. И сите што влегуваа во собата го прашуваше Пеле: 'Кој сега ќе освои? Секако не Аргентина!“. А, Пеле само им одговараше: 'Аргентина – секако! Јас навивам за Аргентина, овој пехар мора да остане во Јужна Америка и зашто Меси го заслужува' Финалето веќе не можеше да го гледа, состојбата беше лоша, но кога слушна дека Аргентина победила и дека Меси го кренал пехарот беше многу среќен. Пеле живееше за фудбалот, секогаш велеше дека многу ја сака оваа игра“, рече Кели Насименто.
Пеле го напушти овој свет после долга борба со ракот на дебелото црево, кој еднаш го победи, но годинава проблемите повторно се појавија како и метастази, по што најголемиот Бразилец на сите времиња не издржа во битката.