Педерсен лут на Рајан Гигс и на неговата – долговечност!

Поранешниот норвешки репрезентативец, Мортен Педерсен, се уште е активен во фудбалот иако има 40 години, откако лани потпиша за екипата на Алта АФ, со која има договор до крајот на сезоната кога с еочекува официјално да замине во пензија.

Тој најдобрите играчи денови ги мина во некогашниот премиерлигаш Блекбурн, каде што пристигна во 2004 година за два милиони евра и каде што одигра 349 средби во девет сезони. Со своите игри, Педерсон го привлече вниманието и на најдобрите тимови во Англија, а малку фалело да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тоа не се случило, а најголем „винновник“ бил Рајан Гигс.

„Не е тајна дека од дете сум навивач на Манчестер Јунајтед и пресреќн бев што за Блекбурн токму на 'Олд Трафорд'. Фергусон зборуваше убаво за мене тогаш и Јунајтед беше заинтересиран да ме доведе, но трансферот пропадна зашто Кристијано Роналдо дојде во клубот тоа лето и покрај него беа Гигс и Киран Ричардсон. Имаше интерес подоцна, но немаше трансфер. Најверојатно ќе играв за Јунајтед ако Гигс не играше 200 години на врвно ниво“, изјави Норвежанецот

Педерсен во дресот на норвешката репрезентација одигра 82 натпревари и постигна 17 голови.