Паника во Аргентина: Меси пропуштил тренинг пред Англија!
Отсуството на Меси од тренингот веднаш предизвика загриженост, но се покажа дека не станува збор за посериозен проблем. Аргентинскиот капитен добил одмор поради расекотина на главата и над окото, која ја заработил во исцрпувачката четвртфинална победа против Швајцарија.
Аргентинецот за првпат во кариерата треба да заигра против сениорската репрезентација на Англија и кажа дека е мотивиран да им помогне на своите соиграчи да се пласираат во финале.
Натпреварот меѓу Англија и Аргентина се игра утре вечер од 21 часот.
Фото: Selección Argentina in English