Почната е петиција да се исфрли Аргентина од СП - ја потпишаа милиони луѓе!

Повеќе од пет милиони луѓе учествуваа во петиција за да биде исфрлена фудбалската репрезентација на Аргентина од Светското првенство (СП).

На сајтот „Аргентинааут“ беше почната кампања против Аргентина затоа што многумина сметаат дека актуелниот светски шампион добивал помош од судиите.

„Јасно е дека ФИФА и судиите ги фаворизираат Меси и Аргентина. Зошто да се натпреварува остатокот од светот ако победникот е веќе решен“, пишува во описот.

Аргентина в среда од 21 часот ќе се соочи против Англија во полуфинале на СП.